Skip to main content

агенција за храна и ветеринарство

АХВ го одзеде кучето по видеото на кое дете го малтретира, сопственикот ќе биде казнет

Инспекциски надзор по објавеното видео на социјалните мрежи каде дете малтретира куче во Охрид
 |  инфодеск  | 

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) информираат дека во соработка со Центарот за социјални работи Охрид и Министерство за внатрешни работи, спроведоа инспекциски надзор по објавеното видео на социјалните мрежи од страна на родител на дете кое, како што се гледа од видеото, измачува куче.

– Во врска со овој случај до Агенцијата во текот на вчерашниот ден беа поднесени и иницијативи од граѓани за спроведување на вонреден инспекциски надзор во врска со овој случај, на кој АХВ веднаш реагираше. Со спроведениот надзор утврдено е дека кучето не е идентификувано со микрочип и не е вакцинирано, за што на сопственикот ќе му биде изречена соодветна парична казна, а како инспекциска мерка за нарушена благосостојба на животното, малтретираното куче е одземено од сопственикот, се додава во соопштението од Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија.