Skip to main content

АХВ не пронашла присуство на отпадно масло за јадење во храната за животни, но биле контролирани само оператори со храна

Што се однесува до можноста од постоење на црн пазар на отпадно масло на кој живинарски фарми го купуваат а потоа го мешаат во храната за живина од агенцијата со одговор дека нивните инспекциски служби ги контролираат единствено поголемите комерцијални фарми за животни. Кај нив не била забележана таква појава.

 |  Мишел Наумоски  | 
otpadno maslo

Нема недозволени супстанции како што е отпадното масло за јадење во храната за животни која била исконтролирана од Агенцијата за храна и ветеринарство. Сепак ова тврдење од страна на агенцијата се темели единствено врз контролите кои тие ги направиле врз храната која ја продаваат или увезуваат операторите со храна за животни, а не врз основа на направени контроли врз фармите со животни, односно пред се живинарските фарми.

otpadno masloПрашањето дали постои црн пазар на отпадно масло кое завршува во храната за живина во некои од живинарските фарми во Македонија, стана особено актуелно по фрапантните информации дека некои од овие фарми храната за кокошките ја замешуваат со отпадно масло набавено од хотели и ресторани од Охрид, па и земјава.

Запрашани за тоа дали инспекторите на Агенцијата извршиле контроли врз храната за животни во живинарските фарми, како и тоа дали имаат информации за ваква опасна практика, од таму велат дека во текот на оваа година биле извршени 51 официјална контрола на оператори и увезници на храна и дека во нив не било констатирано присуство на недозволени супстанци.

kokoski otpadno masloОва во превод би значело дека храната за животни е безбедна до оној момент додека не биде купена од некоја фарма за животни каде и всушност била забележана нелегалната активност на замешување на храната за животни со вакво отпадно масло. Во одговорите кои Агенцијата за храна ги испрати до нашата редакција уште стои и дека согласно законските и подзаконските акти кои се однесуваат на безбедноста на храна за животни и безбедноста на храната воопшто и механизмите на контрола,  можноста производите од отпадно масло за јадење да завршат во храната за животни се оневозможени и дека секој евентуален таков обид, навремено би бил детектиран и соодветно санкциониран.

Од Агенцијата за храна велат дека нивните инспекциски служби вршат контрола единствено врз поголемите комерцијални фарми за животни, а не и на малите, семејни фарми. Апелираат до граѓаните кои имаат информација за ваквата нелегална практика на замешување на отпадно масло во храната со која се хранат животните истата во форма на преставка да ја испратат до Агенцијата како би биле преземени соодветни мерки.