Безбедност на рана
АХВ: Пријавено труење со храна во детско одморалиште во Охрид
Во интервју за МТВ директорот на АХВ посочува дека се уништени повеќе од 200 килограми храна кои не одговарале на законските одредби за безбедност на храна.
Во детско одморалиште во Охрид пријавено труење со храна, информира директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски во интервју за МТВ.
Во разговорот за безбедноста на храната директорот на Агенцијата посочува дека се уништени повеќе од 200 килограми храна која не одговарала на одредбите на Законот за безбедност на храна. Месото и млечните производи се лесно расипливи, предупредува Бабовски.
Тие мора внимателно да се чуваат и да се приготвуваат, посочува директорот на АХВ во интервју за МТВ.