Skip to main content

Тегла ајвар колку килограм месо

Гастрономскиот специјалитет наречен ајвар-скапо ќе не чини. Цената на пиперките превисока за плиткиот џеб на граѓаните. Овој наш македонски специјалитет се помалку ќе го има на трпезите.

 |  Јаковлева Лионела  | 
ajvar
ајвар

Почна сезоната на ајварот. Ретко кој не го сака овај наш македонски специјалитет, ама оваа зима се помалку ќе го има на трпезата. Килограм црврени пиперки чинат од 30 до40 ден. па според некои пресметки  тегла ајвар ќе чини колку килограм месо.piperki Домаќинките кои подготвуваат зимници велат дека трошат 4 килограми пиперки за една тегла ајвар од 800 грама. Според нив ајварот е прескап и многумина ќе се одлучат да купат по некоја тегла од маркетите колку за мерак. Оние тврдокорните , ќе треба да го одврзат ќесето затоа што  и маслото за јадење од неодамна  чини 100 денари.
Домаќинките што ги анкетиравме велат дека не прават ајвар и ќе си купат од маркетите зошто им е поевтин. Некои пак кажаа дека ќе напреват неколку тегли колку да замириса дома на овој наш специјалитет.

Трговците и земјоделците велат дека цената на ајварот за оваа сезона е формирана и дека намалување нема да има. Напротив, цената може да се зголеми бидејќи годинава беше сушна, а родот слаб.piperki

За производителите ефтино, за купувачите скапо. Ајварот, а и останатите зимници по се изгледа се помалку ќе се подготвуваат во домашни услови иако мора да признаеме дека се многу повкусни од оние кои се продават по маркетите. Нутриционистите велат дека најдобро е да се конзумира свеж зеленчук кој за вистина на вољата го има и во зимскиот период, но плиткиот џеб на македонецот тоа не го дозволува. Ајварот е вкусен, ама не е хранлив, кажува Проф. Д-р Ангела Василевска. Но, таа додава дека иако ајварот нема некоја голема нутритивна вредност сепак е наше традиционално јадење и треба да го има на трпезата. Едно парче црн леб намачкано со ајвар, едно парче козјо сирење, неколку маслинки и една чаша пробиотски јогурт можат да бидат супер оброк. Па нека ни е наздравје.

{loadposition content9}