На Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид денеска ќе се одржат академски дијалози на Министерката за одбрана Славјанка Петровска со академскиот кадар и студентите на Универзитетот.
Исто така, ќе има научно-стручна дебата на тема „Клучни предизвици за сајбер одбраната на Република Македонија – можности по членството во НАТО” и презентација на можностите за професорите и студентите на НАТО Фондот „Наука за мир“. Академските дијалози претставуваат можност за дебата, размена на мислења и отворање на нови можности за македонската наука и високото образование – информираат од УИНТ „Св. Апостол Павле“.