На 30.03.2023 година со почеток од 12 часот на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле” ќе се одржат академски дијалози на Министерката за одбрана Славјанка Петровска со академскиот кадар и студентите на Универзитетот.
Исто така, ќе има научно – стручна дебата на тема „Клучни предизвици за сајбер одбраната на Република Северна Македонија – можности по членството во НАТО” и презентација на можностите за професорите и студентите на НАТО Фондот “Наука за мир”. Академските дијалози претставуваат можност за дебата, размена на мислења и отворање на нови можности за македонската наука и високото образование – информираат од УИНТ „Св. Апостол Павле“.