Skip to main content

Екологија

Акција за чистење на Охридското Езеро, Охрид Еко 2022

Викендов во Охрид ќе се одржи меѓународната еколошка акција за чистење на Охридското езеро „Охрид Еко 2022″.
 |  Голабовски Крсте  | 
Амфора Охрид Еко 2022

Нуркачкиот центар „Амфора од Охрид најавува, дека викендов во Охрид ќе се одржи меѓународната еколошка акција за чистење на Охридското езеро „Охрид Еко 2022″.

Акцијата започнува во сабота 30.04.2022. со почеток во 10:30 часот. Во акцијата ќе земат учество нуркачи од Република Македонија, како и нуркачи од странство.

Во интерес на навремен почеток на акцијата, се молат нуркачите да бидат на Градското пристаниште во 09:00 часот со комплетна нуркачка опрема.

По завршување на акцијата во 13:00 часот е предвиден ручек за нуркачите.

Во недела 01.05.2022 во 10:30 за сите учесници Нуркачкиот центар Амфора од Охрид ќе организира нуркање на подводниот археолошки локалитет „Плоча Миќов град“. Сите заинтересирани нуркачи, дополнителни информации во врска со пријавување можат да ги добијат на e-mail адресата sekuloski@yahoo.com.