Подигнати 176 кубни метри зелен отпад во Урбаната заедница „Радојца Новичиќ“
За реализација на акцијата, покрај редовните дежурни екипи, биле ангажирани дополнителни ресурси, односно пет возила за транспорт на отпадот и два багери.

Успешно е реализирана акцијата за подигнување кабаст и зелен отпад во Урбаната заедница 14 „Радојца Новичиќ“ во Охрид, информираат од ЈП „Охридски комуналец“.
Во рамки на акцијата биле собрани и транспортирани вкупно 176 кубни метри зелен отпад од уредување на дворни површини и градини. Станува збор за гранки, трева, жива ограда, остатоци од земјоделски насади и друг растителен отпад. Биле подигнати и помали количини кабаст отпад.

За реализација на акцијата, покрај редовните дежурни екипи, биле ангажирани дополнителни ресурси, односно пет возила за транспорт на отпадот и два багери.
Од претпријатието посочуваат дека акцијата е дел од активностите за одржување на јавната хигиена и уредување на урбаните заедници во Охрид.




