Акција за подигнување кабаст и зелен отпад во УЗ „Радојца Новичиќ“ на 30 октомври
Од претпријатието ги повикуваат граѓаните кои живеат во овој дел од градот, доколку имаат кабаст или зелен отпад за подигање, уредно да го депонираат најдоцна до 7 часот наутро на денот на акцијата.

Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ – Охрид во петок, 30 октомври 2026 година, ќе спроведе акција за подигнување кабаст и зелен отпад во Урбаната заедница 14 „Радојца Новичиќ“.
Од претпријатието ги повикуваат граѓаните кои живеат во овој дел од градот, доколку имаат кабаст или зелен отпад за подигање, уредно да го депонираат најдоцна до 7 часот наутро на денот на акцијата.
Граѓаните претходно треба да ја пријават локацијата на која е оставен отпадот на дежурните телефонски броеви: 075 495 428 и 075 397 944.
Од „Охридски Комуналец“ апелираат до граѓаните навремено да ги пријават локациите и да ги почитуваат дадените насоки, со цел акцијата да се реализира ефикасно и да се придонесе за почиста животна средина.




