Акција кабаст отпад У.З.3 и У.З.4 населби Кошишта, Воска и Даљан во четврток
Кабастиот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или други пристапни места предвидени за подигнување комунален отпад.
Ј.П.„Охридски Kомуналец” на ден 10.10.2024 год.(четврток) ќе организира акција за подигнување кабаст отпад (стар мебел, душеци, телевизори, шпорети, теписони и др.) од У.З.3 и У.З.4 со која ќе се опфатат населбите Кошишта, Воска и Даљан
-Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 10.10.2024 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот, информираат од јавното претпријатие.
Оттаму посочуваат дека кабастиот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или други пристапни места предвидени за подигнување комунален отпад.


