Skip to main content

Акција на „Жито леб“:Купи еднo, земи две

Жито леб, фирма која секогаш работи во интерес на купувачите. Со акција во која купувачите денес и утре имаат можност бесплатно да ги вкусат пекарските мајстории на Милан Дишиќ, познат пекар од Србија. Производите кои најмногу ќе им се допаднат на потрошувачите ќе бидат ставени во продажба.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Купи една земи две. Оваа акција денес и утре се спроведува во сите продавници на Жито леб. Купувачите со еден производ од жито леб добиваат еден гратис. Акцијата е на иницијатива на АД Жито леб, а се спроведува заедно со компанијата Огри чие седиште е во Скопје. Новите производи кои денес купувачите можеа да ги вкусат се направени од целозрнести брашна и содржат голем процент диететски влакна, богати се со протеини и се многу здрави за конзумирање во секојдневната исхрана. Има и хроно леб кој е доста актуелен за сите кои спроведуваат хроно диета, а ќе има и уште четири производи базирани на хроно состојки.

Производите се изработени од врвен мајстор од Србија кој има огромно искуство и кој прави вкусни и здрави производи, вели Славко Гаврилоски од компанијата Огри чие седиште е во Скопје.

Денес и утре ќе се испитува вкусот на потрошувачите, па оние производи кои најмногу ќе им се допаднат ќе бидат застапени и понатаму во продавниците на Жито леб. Цените, како и досега ќе бидат пристапни за купувачите кои ќе можат да добијат и квалитет и добра цена и врвна услуга.

Ние секогаш одиме кон тоа да промовираме нови производи бидејќи не сакаме да се презасити пазарот, па на неколку месеци воведуваме нови пецива. Сега ја започнуваме соработката со Жито леб, па на секои два месеци ќе има по некој нов производ, вели познатиот српски пекар Милан Дишиќ.

Пекарските мајстории на познатиот српски пекар потрошувачите ги оценија со петка зад камерата. Коментираа дека акцијата е одлична и дека навистина во пекарската индустрија се потребни производи од овој вид. Природни, здрави, а при тоа и вкусни. Оние кои не пробаа денес, ќе имаат можност пекарските специјалитети да ги вкусат и утре.