Skip to main content

„За посреќно детство“ по четврти пат

Се е подготвено за хуманитарно спортско-рекреативната акција “За посреќно детство“.

 |  Маленкова Татјана  | 
akcija crven krst
акција црвен крст

Финишираат подготовките за четвртата по ред Традиционално хуманитарна спортско-рекреативна акција “За посреќно детство”. Манифестацијата ќе започне со „главна трка” со старт од  плоштадот „Чинар”, која ќе се движи по улицата “Македонски Просветители” и цел на Градскиот плоштад. На терасата на комплексот Летница, паркот пред маркетот Тинекс и на Градскиот плоштад “Климент Охридски” од 11:00 – 15:30 ч. ќе се одвиваат спортско-рекреативни натпревари и културно-забавни содржини.

„За учетво во игрите потребен е ученички број – талон кој чини 30 денари. Со парите помагате на социјално akcija crven krstзагрозени деца од Охрид и Дебрца, Исто така за учеството во наградната игра која ќе се случува на 23 јуни  на Телевизија ТВМ“, вели лидерот на младите во Црвениот крст Игор Тасески.

Секој што ќе купи учеснички број за акцијата, кој чини 30 ден., може да се натпреварува во повеќе спортските дисциплини: шах, пикадо, баскет, мал фудбал, одбојка, не лути се човеку и многу други спортски и едукативни содржини. Целта на акцијата е промовирање на спортскиот дух меѓу младите преку нивно учество во различни спортско-рекреативни содржини, како и подигнување на свеста кај нашите сограѓани за солидарност, хуманост и пружање на потребната помош на оние кои се соочуваат со социјални или здравствени потешкотии  која има широк општествен карактер. Акцијата пред се има хуманитарен карактер и во истата се вклучија многу помагатели на Црвениот крст, институции кои на соодветен начин сами по себе ја помагаат оваа активност.
akcija crven krst
„Оваа година е различно започнуваме партнерство од хуманитарен аспект заедно со комплексот Св. Ѓорѓија Стоматолошката ординација баткоски, која овозможува 10 бесплатни третмани секој месец во ткот на целата година. Ова е добра иницијатива и начин да ги охрабриме другите како да се вклучат и да бидат инволвирани во хуманитарните заеднички активности заедно со Црвениот крст“, вели координаторот на младите во Црвениот крст Младен Божиновски.

 Средствата собрани од оваа акција со продажба на учесничките броеви и со обезбедување на прилози од спонзори и донатори, ќе бидат наменети за набавка на соодветни производи со кои Ќе се помогне на децата од социјално најзагрозените семејства во Охрид и Дебрца.  
 

{loadposition content9}