Skip to main content

ЈП Охридски Комуналец

Акција за чистење

Чистење на коритото на реката Сушица и на плажите Сараиште, Грашница, Канео и Потпеш, како и на градскиот кеј.
 |  инфодеск  | 
Чистење на река Сушица

Согласно програмата на ЈП „Охридски Комуналец“ за вонредни активности во делот на чистење реки и речни корита, денес се изврши чистење на речното корито на реката Сушица, во делот на ул. „Прилепска“.

Отпад во река Сушица

Од страна на јавното претпријатие е поставена заштитна преграда, со цел, превенирање и стопирање на комунален и пластичен отпад да заврши во Охридското Езеро. Ангажирана беше механизација, при што беа подигнати поголеми количини на тешко разградлив отпад и пластична амбалажа и истиот беше депониран на депонијата Буково – информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.

Чистење на река Сушица

Деновиве екипи на јавното претпријатие интервенираа на повеќе локации на крајбрежниот појас од Охридското Езеро.

Подигнати се поголеми количини тешко разградлив расфрлан комунален отпад, трска и отстранета е дива вегетација. Се чистеа плажите кај Грашница, Канео, Потпеш и Сараиште.

Акција за чистење Канео

На крајот од градскиот кеј, во близина на Холандскиот Парк, се интервенираше со специјална механизација за расчистување на муљ, трска и друг вид отпад од езерските води, информираат од претпријатието.

Чистење на градски кеј
Чистење Далјан