Skip to main content

Јп охридски комуналец

Акција за чистење дива депонија кај Горна Порта

Се подигнува расфрлана покуќнина, градежни материјали и друг кабаст отпад, од кој несовесни граѓани на овој начин се ослободиле во срцето на Охридското Кале.
 |  инфодеск  | 
Горна Порта

По налог на локалната самоуправа екипите на ЈП „Охридски Комуналец” спроведуваат акција за расчистување на мапирана дива депонија во шумскиот дел од Охридското Кале, под Горна Порта, над населба Кошишта.

Се подигнува расфрлана покуќнина, градежни материјали и друг кабаст отпад, од кој несовесни граѓани на овој начин се ослободиле во срцето на Охридското Кале. Поради тешката пристапност на теренот чистењето ќе се реализира повеќе денови – информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.

Горна Порта
Горна Порта
Горна Порта