Skip to main content

Јп охридски комуналец

Акција за кабаст отпад во Пештани и Трпејца

ЈП „Охридски Kомуналец” во четврток ќе организира вонредна акција за подигнување кабаст и зелен отпад во селата Пештани и Трпејца.
 |  инфодеск  | 
Кабаст отпад

Во четврток на 3-ти ноември ќе се реализира вонредна акција за кабаст и зелен отпад во с.Пештани и с.Трпејца.

Жителите од овие села ќе имаат можност кабастиот и зелениот отпад уредно да го депонираат на пристапни локации, најкасно до 07.00 часот на 03.11.2022 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот – информираат од ЈП „Охридски Комуналец“ Охрид.