Skip to main content

Акција за подигнување кабаст и зелен отпад У.З.1 Стар Град во петок, 10-ти мај

Во петок акција за подигнување на зелен и кабаст отпад во у.з.1 Охрид
 |  инфодеск  | 
Кабаст отпад

Од 10.05.2024 год.(петок), Ј.П.”Охридски Комуналец” започнува со реализирање на Календарот за 2024 година на акциите за подигнување кабаст и зелен отпад на територијата на општина Охрид.

Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 10.05.2024 год.(петок) ќе организира акција за подигнување кабаст и зелен отпад од  У.З.1 Стар Град.

Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот  на 10.05.2024 година  и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот.

Отпадот треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.