Skip to main content

Акција за собирање стара хартија во Охрид

Општина Охрид во рамките на одбележувањето на 5-ти jуни, Светскиот ден на животната средина, првата недела од месецов ја прогласи за „Недела на  животната средина “.

 |  Голабовски Крсте  | 
hartija

Општина Охрид во рамките на одбележувањето на 5-ти jуни, Светскиот ден на животната средина, првата недела од месецов ја прогласи за „Недела на  животната средина “.

Во рамки на одбележувањето, во соработка со основните   училишта од Охрид, на 4 јуни ( четврток) во периодот од 8 до 17 часот, ќе биде организирана акција за собирање на стара хартија во дворовите на училиштата, каде ќе бидат поставени соодветни садови за одлагање на хартијата. Во акцијата ќе можат да се вклучат сите граѓани и институции, кои исто така својата отпадна хартија можат да ја донесат до за нив најблиското училиште.

logoЦелта на организирањето на оваа „Недела на животната средина“ е што повеќе да се укаже на проблемите од областа на екологијата и да се влијае на подигањето на јавната свест на граѓаните за заштита на животната средина.

Секторот за  заштита на животна средина и управување со отпад при Општина Охрид од  2009 година отпочна со реализација на проект за собирање на отпадно масло од јадење од правните лица , создавачи на ваков вид отпад на територијата на општина Охрид.Во декември 2012 година почна  „Пилот проектот за собирање на отпадно масло од домаќинствата“, со цел употребеното масло да не се фрла заедно со другиот комунален отпад и со него да не се загадува животната средина. Одлагањето на отпадните масла во канализациониот систем во околу 40% од случаите е причина за нивно затнување. Исто така еден литар испуштено отпадно масло загадува 1.000 000 литри питка вода, а оваа количина вода ги задоволува потребите на петнаесет луѓе за период од една година.

Собирањето на отпадното масло на територијата на општина Охрид го врши овластената фирма СУНИЛЕНС која од МЖСПП има дозвола за собирање , складирање и третман на овој вид отпад. Според нивните податоци на територијата на општина Охрид во периодот од 2009 до  април 2015 година се собрани вкупно 77,5 тони отпадно масло

Одбележувањето на овој ден  започна во 1972 година  на собирот на Обединетите нации во  Стокхолм , кога  133 држави едногласно, петти  јуни го прогласија за Светски ден за заштита на животната средина.