Акција за зелен отпад на ул. Радојца Новичиќ
ЈП „Охридски Комуналец“ ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 19.11.2022 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) од У.З.14 Радојца Новичиќ.
Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 19.11.2022 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот; Зелениот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад. Ова е последната редовна акција за подигнување кабаст и зелен отпад кои беа предвидени во годишниот календар за 2022 год – информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.


