Skip to main content

Ако одите во планина, без грижа-ве чуваат лиценцирани водичи

Водичите во планина ги збогатија своите знаења на масовниот семинар кој го одржаа на Галичица.

 |  Мишел Наумоски  | 
Dodovski
Додовски

Водичите во планина-вистински професионалци. Тоа го докажаа и со последниот семинар кој го одржаа во снежните височини на нашата Галичица.

На местото викано Липова ливада кај спасителната станица Магаро, голем број на лиценцирани водичи, ентузијасти, љубители на планините и идни водичи ги збогатија своите знаења во оваа професија.

obuka vodici na planina„Македонската асоцијација на интернационални водичи во планина годишно програмски одржува најмалку четири вакви семинари кои се наменети за релиценцирање, односно обновување на лиценците на водичите кои секоја година имаат обврска најмалку на еден, а пожелно е да се јават на два од кои еден летен, еден зимски семинар, за да можат да ја обноват лиценцата за работа и ви кажав тоа е и составен дел од идниот закон кој е веќе во собраниска процедура и кој очекуваме во оваа година да биде усвоен од Собранието на Република Македонија и со тоа и официјално професијата водич во планина ќе е норматизирана професија.“-вели Антонио Додовски, генерален секретар на МАИВП.

Додовски вели дека овие семинари се добра можност за имплементирање на се она што е ново во светски рамки од оваа професија како водичите би можеле доследно да си ја вршат својата работа.

kamp vodici„Беа присутни водичи кои што беа дојдени за да си ги обноват своите лиценци, водичите кои што треба да го полагаат тој завршен испит во следниве два месеци и имаше доста заинтересирани. Нашите семинари се доста отворени за сите заинтересирани планинари, алпинисти кои сакаат или нешто да поднаучат или пак се заинтересирани во иднина да го почнат процесот на обука за вклучување во нашата организација, односно да станат водичи во планина така да ете семинарот, првенствено не беше планирано да биде толку масовен, но ете испадна интересот голем и на мое лично, но и на задоволство на сите учесници и управниот одбор на Македонската асоцијација на интернационални водичи во планина.“-рече Додовски.

Инаку во моментов генерацијата водичи кои својата обука ја започнале во 2009 и 2010 година се веќе во завршна фаза, а во наредниот месец ќе биде одржан и финалниот испит со кој тие ќе се стекнат со легитимација за работење во оваа професија.

{loadposition content9}