Skip to main content

Активистите бараат спроведување на законите и одговорно сопствеништво на животните

И покрај тоа што во тек е стерилизација односно кастрација од страна на ЈП Охридски Комуналец и избрана ветеринарна фирма, популацијата на улични кучиња во Охрид се уште не е под контрола. Активистките Маја Коваческа и Сузан Сулејман од Охрид, изминативе две години самстојно успеале да водамат околу 180 кучиња во странство, најголем дел од нив во Англија.
 |  инфодеск  | 

Неодговорното сопствеништво и неспроведувањето на законите за заштита на животните го зголемуваат проблемот со  бездомните животни. И покрај тоа што во тек е стерилизација односно кастрација од страна на ЈП Охридски Комуналец  и избрана ветеринарна фирма, популацијата на улични куќиња се уште  не е под контрола.

Активистите велат по улиците страдаат голем број животни, а секојдневно се носат и од други градови. Потребна е масовна стерилизација и кастрација, задолжително чипирање на домашните миленици  и поголем број инспекциски конторли, но  и казни за сопствениците кои од разни причини ги напуштаат  милениците.

„Напуштени возрасни кучиња, напуштени бебенца, сите тие кучиња иамле некаков сопственик и тие не се виновни што се нашле на улица. Грижата за нив ја имаат активистите, како ние две има и многу други граѓани кои помагаат и не сакаат да ја гледаат таа глетка по улиците. Тоа е глобален проблем што никогаш активистите не можат да го решат. Тоа е проблем што мора да се решава на повисоко ниво на општинско, државно за да се доближиме до другите држави каде овој проблем е решен. Најблиску ќе ја спомнам Хрватска каде нема бездомни животни по улиците”, вели Маја Коваческа, активист.

Активистките Маја Коваческа и Сузан Сулејман од Охрид,  изминативе две години  самостојно успеале да водамат  околу 180 кучиња во странство, најголем дел од нив  во Англија.

„Сме зеле мајка што се породила кај нас сме ги израснале бебињата па сме ги вдомиле и мајката и бебињата. Имаме и трета активистка Александра која работи со нас и ни помага, Сега со Комуналец почнавме сега со проектот  со фирмата зебра за стерилизација и кастрација тоа ни олеснува, но од друга страна знаете кучиња со маркици ги трујат, такви кучиња носени се Буково тоа е бавна смрт за нив”, вели Сузан Сулејман, активист.

Активистите велат мора засилено да се работи на подигнување на свеста кај населението. Особено кај децата потребна е едукација и кампањи за всадување на љубовта кон животните.

За сите предизвици и предлози за решенија на проблемот со бездомните животни погледнете ја емисијата Прашалник на ЈУТУБ каналот на ТВМ телевизија.

Новинар Соња Рилковска