Активисти на „Чист Охрид“ сами засадија дрворед
Активисти од неформалната еколошка организација Чист Охрид, на потегот после плажата „Мадера“ сами засадија 13 садници врби, по претходна консултација со стручни лица.
Активисти од неформалната еколошка организација Чист Охрид, на потегот после плажата „Мадера“ сами засадија 13 садници врби, по претходна консултација со стручни лица.
„Пред повеќе од една недела, Чист Охрид упати и јавен предлог <https://www.facebook.com/ChistOhrid/posts/2168929573248630> до општината, преку медиумите, но и директно преку електронска пошта, за засадување дрворед на потегот после ресторанот Мадера па се до плажата Парк. Но, оттаму се досега нема никаква реакција. Истовремено пак, сакаме да се заблагодариме на ЛК Лихнидос за донацијата на садниците и за тоа што ја препознаа оваа благородна иницијатива“ велат од „Чист Охрид“.
Уште еднаш сакаме да ја актуелизираме оваа тема и да испратиме порака до надлежните да го разгледаат предлогот на Чист Охрид. Ние сме подготвени за разговор и соработка, се со цел поубав и чист Охрид, стои во дописот на неформалната организација.