Skip to main content

Патека која води до плажите горица 3 и славија

Активисти на Чист Охрид собраа 5 вреќи со ѓубре

Нова еко акција за расчистување на јавни површини одржаа членовите на неформалната иницијатива „Чист Охрид“. Пет преполни вреќи со најразличен отпад се собраа од патеката која води до плажите Горица 3 и Славија.
 |  инфодеск  | 
Вреќи со ѓубре

Некои граѓани се подготвени да го однесат отпадот од својот дом до локација како што е Горица 3 и Славија и таму да се ослободат од него. Најразлични предмети од домаќинствата, покрај редовниот пластичен отпад, амбалажи од храна и стакло собраа активистите од „Чист Охрид“ на патеката која води кон плажите.

Од иницијативата посочуваат дека треба да се зголеми бројот на локациите или пунктови на кои граѓаните ќе можат да го селектираат отпадот кој го одлагаат.

Без претходна најава, поради она што го затекнавме деновиве во околината на плажата, одлучивме да одвоиме од слободното време и да го вложиме во општествена акција. Селектиравме и стакло и пластика, но во недостиг на садови за селектирање, бевме приморани да го отстраниме отпадот во контејнерите во близина на паркингот кај плажата – велат од Чист Охрид.

Од иницијативата апелираат на заштита на животната средина и грижливо однесување кон околината.