Активисти на Црвена Младина од Охрид спроведоа акција со цел да го исчистат и уредат скејт паркот во Охрид.
Паркот беше исчистен од камења, комунален отпад и др. Исто така беа исфарбани и стубчињата во црвена боја и беше отстранета старата дотраена боја.
Ги повикуваме надлежните повеќе да се грижат за јавните површини каде младите го поминуваат своето време за дружба и игра затоа што младите не заслужуваат руинирани места за играње, тренирање, седење, уживање итн…
Црвена Младина и во иднина ќе продолжи со вакви акции кој што се во интерес на младите. Затоа ве повикуваме сите да ни се придружите во борбата за подобар живот на младиот човек во Република Македонија. Најдобрите денови се оние кој што уште не сме ги проживеале! – велат од Црвена младина Охрид.