ТВМ Телевизија во соработка со Младински центар Охрид подготви уште еден прашалник, со цел, да се идентификуваат одредени проблеми и области во интерес на младите. Резултатите од првиот прашалник покажаа дека младите делумно или воопшто не се запознаени со телата кои се формираат и можностите кои им се нудат за нивно учество во креирањето проекти, политики и носењето одлуки кои се однесуваат на нивната положба во општеството.
Споделете ги вашите ставови и размислувања со нас. Вашите одговори ќе ни помогнат да додадеме уште едно делче во сликата за проблемите и предизвиците со кои се соочуват.