Продолжува периодот на сончево и многу топло време со максимална дневна температура која насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C поради што до крајот на работнава седмица ќе биде активно портокаловото ниво за опасност од високи температури.
Во Охрид температури од 18 до 36 степени, со УВ индекс 10.
Промена на временската состојба ќе има во петок кога во попладневните часови ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.