Екипите на Паркови и зеленило со активности за заштита на чинарите на територијата на општина Охрид кои се заштитени со посебни мерки.
Кај чинарот на плоштадот Крушевска Република се реализирани активности за обновување на заштитната кора, прихрана, дополнување со хумусна земја, чистење од суви и непотребни гранки и расчистување на околниот простор. Кај чинарот во населба Воска се реализирани активности за прихрана, кастрење суви гранки и расчистување на околниот простор. Кај другите чинари на територијата на општина Охрид се интервенираше со отстранување на бршлените – информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.