Албанска државјанка добила ќотек поради долгот на својот син
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против И.Р. (59) од струшкото село Шум.

На 20-ти овој месец околу пладне, пријавениот се упатил во домот на албанската државјанка Б.Ц. (54) со намера да побара враќање на паричниот заем од нејзиниот син Џ.Ц. Пријавениот започнал да sвони и удира по вратата од станот по што, со Б.Ц. која има привремено живеалиште во Струга, започнал вербална расправија околу паричниот долг.
Во момент кога од станот излегол и нејзиниот син Џ.Ц. пријавениот извадил нож по што се втурнал кон него. Тука настанала меѓусебна турканица во која Б.Ц. успеала да застане меѓу нив во обид да го одбрани синот. Притоа, таа била нападната од пријавениот И.Р. кој и задал повеќе удари со раце во пределот на главата по што веднаш избегал од местото на настанот.