Skip to main content

Албански државјанин се обидел да прокриумчари 21 килограм свежа пастрмка

Од почетокот на годинава, Царинската управа спречи обиди за шверц на над 4 тони храна, меѓу која најмногу маслиново масло – 560 литри и 3,7 тони овошје и зеленчук.
 |  инфодеск  | 

На влез во државата на граничен премин Ќафасан цариниците открија 21 килограм свежа пастрмка скриена во просторот за резервна гума на автомобил со кој патувал државјанин на Албанија

Поведена е соодветна постапка против лицето кое се обидело да нелегално да внесе небезбедна храна – транспортирана во несоодветни услови и без потребни сертификати и дозволи, информираат од Царинската управа.

Од почетокот на годинава, Царинската управа спречи обиди за шверц на над 4 тони храна, меѓу која најмногу маслиново масло – 560 литри и 3,7 тони овошје и зеленчук.

Оттаму додаваат дека ќе продолжат да делуваат во насока на заштита на здравјето и безбедноста на граѓаните, при што укажуваат дека секој обид за прекршување на законот ќе биде најстрого санкциониран.