![](/wp-content/themes/yootheme/cache/96/policija_ezero-1-965f588d.jpeg?x28309)
На 01.04.2024 во 06.40 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Eзеро“ го лишиле од слобода албанскиот државјанин Ј.А.(26).
-Tој претходно во водите на Охридското Eзеро на македонска страна е затекнат при незаконит риболов, информираат од МВР. За настанот е известен јавен обвинител, а со решение од полициски службеници при Регионален центар за гранични работи Запад изречена му е мерка забрана за влез во државата до 31.03.2025 година.