Skip to main content

Алче со аргументи против кривичната пријава

Тој прашува, како може прекршокот да се направи во Јануари, кога возилото е купено во февруари годинава?

 |  Голабовски Крсте  | 
Saso Alce
Сашо Алче

„Последната кривичната пријава поднесена против мене за сторено кривично дело, послужување во службата е уште една од низата фабрикувани кривични пријави од страна на еден дел од вработените во МВР кои постојано се обидуваат да ме оцрнат мене и Јавното претпријатие „Охридски комуналец“, изјави на денешната прес конференција Сашо Алче Директор на ова јавно претпријатие. Во кривичната пријава стои дека  во јануари 2012 година Алче го искористил службеното возило за приватни потреби и заминал во Република Србија без да поседува соодветни патни налози за патување во странство.

zelen karton„Е сега логично е прашањето, како сум можел да возам службено возило во јануари, а истото возило „Комуналец“ да го купи во февруари? Дека ова е фабрикувана и неточна кривична пријава направена многу непрофесионално покажува и фактот што во билтенот од МВР, ми е згрешен и датумот на раѓање и в.д директор на Охридски Комуналец, а јас сум директор“ вели директорот на „Охридски комуналец“.

Директорот Алче покажа дека поседува оригинален договор заверен на нотар на 01.02.2012 година, за купување на патничкото возило, потоа валидна сообраќајна дозвола за истотo возило издадена на 14.02.2012 година, записник за примопредавање на возилото, направен на денот кога е направена солемнизацијата и важечки зелен картон заверен на 23.02.2012. Тој објасни дека за овој случај воопшто не бил повикан на разговор во МВР, да објасни дека сите документи издадени во врска возилото се направени во февруари месец 2012 година. Се надева дека Министерството за внатрешни работи и судот брзо ќе откријат кој се обидува да го оцрни неговото име, бидејќи чувствува дека сериозно се нарушени неговите човекови права.

dogovor„Кој утре ќе им објасни на граѓаните на Охрид, дека некој си поигрува и со Министерството за внатрешни работи и лично со мене и пред се кој ќе им објасни на мојата фамилија дека не сум сторител на кривично дело кога кривичните дела се штанцаат онака како некој ќе му каже на некого“, потенцира Алче.

Директорот на „Комуналец“ кажа дека тој ќе поднесе кривична пријава до Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди во МВР, како и до непознат сторител. Додаде оти сомнева дека ова е направено тенденциозно пред локланите избори, а се со цел да се оцрни неговата политичка кариера како директор на јавното претпријатие „Комуналец“. Инаку ова е трета поднесена кривична пријава за директорот Сашо Алче.

{loadposition content9}