Skip to main content

Алче проговори за инцидентот- никому не должам ни пари ни услуги

Сашо Алче, директорот на ЈП „Охридски Комуналец“,, кој пред три дена на конвенцијата на опозицијата во Куманово беше нападнат и прободен со нож, проговори за инцидентот.

 |  Валентина Неловска  | 
alce
alce

Сашо Алче, директорот на ЈП „Охридски Комуналец“,, кој пред три дена на конвенцијата на опозицијата во Куманово беше нападнат и прободен со нож, проговори за инцидентот. Се опоравувам од нападот кој за среќа не ми ги загрози виталните функции, вели Алче. Тој во интерес на истрагата не го открива идентитетот на сторителите. Само нагласува дека станува збор за лица вработени во Министерството за внатрешни работи. За написите во некои медиуми дека напаѓачите биле членови на СДСМ, како и за мотивот на нападот , Алче категорично изјавува.
alce
„ Јас не можам да потврдам  или демнатирам дали се  членови и во кое својство беа таму. Настанот се случи надвор од местото каде што се одржуваше конвенцијата, во канцеларија. Она што ја брануваше охридската и македонската јавност со некои шпекулации ќе кажам дека никому не му должам ни пари  ни услуги. И понатака  она што го работам како приоритет на  Комуналец ќе е совесно, без притисоци и заплашување, како во минатото така и во иднина, и нема да ги смени моите мислења и перцепции за работата на ЈП „Охридски Комуналец.“   

Алче очекува и верува дека кумановската полиција ќе ја заврши добро својата работа и ќе спречи  во иднина да бидат напаѓани граѓани од луѓе кои треба да спроведуваат ред и мир.  За напаѓачите кажа само дека биле во цивилни одела.
За инцидентот се огласи и портпаролот на МВР, Иво Котески. Тој потвдрува дека напаѓачи се двајца полицајци, кои се идентификувани и се во бегство. Котески нагласува дека тие во Куманово не биле  на полициска задача. Едниот од нив бил избркан од полицијата во јануари 2008 година заради напад на ракометари од РК „Металург“, но со судска пресуда е вратен на работа во јануари оваа година. Котески информира дека по сторителите се трага, а по нивното откривање најавува и најстрого санкционирање. 

{loadposition content9}