Skip to main content

„Александар Гушо„ и другите споредни улици на ул.Питу Гули идната година ќе добијат атмосферска канализација

Домаќинства на улицата Александар Гушо при секој дожд се поплавуваат. Жителите на оваа но и на други споредни улици на Питу Гули го имаат истиот проблем со неможност канализацијата да ги апсорбира атмосферските води. Општината планира проблемот да го решaва интегрално за целиот комплекс со раздвојување на атмосферската од фекалната канализациона мрежа.
 |  инфодеск  | 

При креирање на буџетот за следната година, да се предвидат средства за санирање на канализационата мрежа на улицата Александар Гушо. Ова беше побарано на последната седница на совет од страна на советничката од НСДП , Милена Гроздановска. Таа во советот ги пренесе реакциите од жителите на таа улица кои се жалат дека секогаш при поголеми врнежи им се поплавуваат куќите и подрумите и трпат големи штети.

Од страна на стручните служби во општината ми беше кажано дека тоа е огромен зафат бидејќи треба да се врши и зафат на ул Питу Гули. Разговарав со стручни лица во ЈП Нискоградба коишто ми кажаа дека нема потреба на улицата Питу Гули никаков зафат да се прави бидејќи цевките се доволно големи и оставени се сливници односно приклучоци коишто ќе можат да ја приберат апсорбираат атмосферската вода од споредните улички, односно од Александар Гушо. 1-ви мај и др.“ – кажа советничката Гроздановска.

Секретарот на Општина Охрид, Александар Китески кажа дека остварил средба со жители на таа улица на кои присуствувале и претставници на Секторот за кумунални дејности. Проблемот бил разгледуван од службите и на состанокот било заклучено дека не може да се пристапи на решавање на проблемот само на таа конкретна улица бидејќи таму станува збор за цел комплекс и потребен е интегрален пристап.

Се договоривме со Секторот за кумунални дејности во програмата за следната година да предвидиме средства во буџетот и да го решиме цел тој дел таму. Таму проблемот го прави атмосферската вода, не го прават цевките за канализација …Ние доколку таму направиме атмосферска канализација, тогаш нема да има потреба од менување на постоечките цевки. Сега целиот проблем го прави, не големината на цевките од канализација туку тоа што атмосферските води се мешаат со канализација и поради тоа доаѓа до прелевање и дворовите на луѓето им се полнат со вода.“ – кажа секретарот Китески.

Решението е раздвојување на атмосферска од фекалната канализациона мрежа. Доколку проблемот се решава со поставување поголеми цевки, тое е незаконски, односно ќе продлжи мешање на атмосферската и фекалната канализација што значи значи оптеретување на колекторот, посочи Китески.