Николовски: Општината и дел од ЈП должат околу 33 милиони евра
Долговите на општината, Проаква ,Комуналец и Никоградбазаклучно со 31.декември 2012 изнесуваат околу 33 милиони евра.
Денес ќе го одржиме пресот со најмногу информации во оваа изборна кампања но за жал и најтажниот прес за вистината со која се соочува општината Охрид“, рече Александар Николоски охридскиот пратеник од владеачката ВМРО ДПМНЕ. Тој потенцираше дека Бранко Црвенковски и Александар Петрески по сценариото од 1997 година наречено ТАТ Битола создале нов ТАТ во Охрид. Општина Охрид функционира како финансиска пирамида, рече Николовски. Тој на пресс конференцијата презентираше податоци за како што кажа точната задолженост на Општина Охрид и јавните претпријатија Проаква, Комуналец и Нискоградба.
Информациите ги добиле од како што кажа чесни и загрижени луѓе кои што работат во Општината и јавните претпријатија. Николоски категоречен дека Сумите биле прецизни до денар и до евро.
„ Сумата на долговите е тажна но вистинита и изнесува 1 МИЛИЈАРДА 146 МИЛИОНИ 412 ИЛЈАДИ и 400 денари точно или 33 МИЛИОНИ 306 ИЛЈАДИ и 500 евра заклучно со 31.12.2012 година за Општина Охрид, ЈП Проаква, ЈП Комуналец и ЈП Нискоградба. Можеме да претпоставиме дека има сличен долг и во другите Јавни претпријатија за кој што немаме податок“, вели пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Александар Николовски.
Николоски рече дека последиците од недомакинското и криминално работење на Црвенковски и Петрески ги трпеле не само две илјади луѓе коишто работат во Општината и ЈП туку шеесет илјади жители на Охрид.
„Да е трагедијата поголема за непродуктивни трошоци само за неполни два месеци во 2013 година односно за јануари и февруари се направени трошоци во висина од 32 МИЛИОНИ 699 ИЛЈАДИ 290 денари или 536 ИЛЈАДИ 053 евра.Ова е Охридскиот ТАТ, долговите достигнуваат висина на скоро четири вкупни буџети на Општина Охрид. Ова е вистината на криминалното работење на Бранко Црвенковски и Александар Петрески во Охрид“, истакна Николовски.
Николовски го повтори јавното ветување на како што кажа новиот градоначалник на Охрид Никола Бакрачески, дека ќе направи силни напори во соработка со Владата да се најде излез за Охридскиот ТАТ односно прекумерниот долг на Општината незапаметен во историјата на било која општина во државата и регионот. Тое ќе било постинато без при тоа да бидат луѓе отпуштани од работа.
Николовски дециден дека простување нема да има. Виновните за Охридскиот ТАТ ќе сносат одоворност.
{loadposition content9}