Алексијоски: Опозицијата ја манипулира јавноста за работата на ДЈП Колекторски систем
Се пласираат лаги и непроверени информации за работата на ЈП Колекторски систем, рече Владимир Алексијоски на денешната прес конференција. Не се точни обвинувањата дека цената на услугата за колектор е двојно повисока и дека има нови вработувања, кажа Алексијоски.
За ситни политички поени опозицијата пласира низа дезинформции во јавоста меѓу кои за двојно зголемена цената на водата, кажа на прес- конференција Алексијоски. Точно е дека е зголемена цената, но да потсетиме на фактот и да не заборавиме дека тоа се должи на Решението од Регулаторна Комисија од 2017 кога се поставени новите цени од 10 денари на 17 денари додека беа тие на власт.
„Тие цени се добиени согласно пресметки кои нивните тогашни стручни лица врз основа на финансиските извештаи беа должни да ги предадат до Регулаторна комисија за таа да излезе со цена. Тоа се пресметки во нивно време согласно загубите кои ги имаа за време на нивното владење. Указот за прогласување на Законот за уредување на водни услуги е донесен на 18 јануари 2016“.
Одлуката за формирање на ЈП Колекторски ситем беше донесена со едногласна одлука од градските совети во Охрид и Струга и на седница на Влада. Нејасни ми се обвинувањата дека сме имале нови вработувања, напомена Алексијоски.
„Кажуваат дека сме имале нови вработувања.Со делбата која беше изгласана, а ние презедовме 64ца вработени. Тие беа вработени во РЕ Колектор во склоп на МЈП Проаква. Во моментов броиме 62 ца ги повикувам да дојдат да кажат кои се новите вработени“.
Не се точни обвинувањата кои ги споменуваат за направени непродуктивни трошоци и за искривување на информации од вонреден Инспекциски надзор во ЈП Колекторски систем.
Обвинувањата за непродуктивни трошоци се дел од направените трошоци кои ги презедовме со делбениот биланс од околу 200 милиони денари од Водовод Охрид и околу 100 милиои денари од Водовод и канализација Струга. За споменатите извештаи за вонреден инспекциски надзор за кои не обвинуваат тие сакаат да ја искриват вистината и сите извештаи се на увид во нашата архива. Ние работиме транспарентно и повикувам пред да ја покажат својата лажна загриженост пред одржувањето на прес конференциите да ги проверуваат информациите во иднина, кажа Владимир Алексијоски, директор на ЈП Колекторски систем.