Skip to main content

Алкохолните пијалоци ќе се продаваат до 21 часот

Од 1-ви мај во земјава на сила е  продолженото време за продажба на алкохолните пијалоци.

 |  Голабовски Крсте  | 
alkohol
алкохол

alkoholОд 1-ви мај во земјава на сила е  продолженото време за продажба на алкохолните пијалоци.
 
Ваквото продажно време на алкохолните пијалаци ќе важи се до крајот на септември.Наместо до 19 часот, според „новото правило“ во трговските објекти алкохолните пијалоци ќе се продаваат од 6 до 21 часот.

Иако се продолжува продажбата на алкохолните пијалоци, сепак и понатаму останува забраната за продажба на алкохол на бензинските пумпи како и на малолетниците. Законските одредби предвидуваат за оние кои нема да го почитуваат законот предвидени се санкции „забрана за вршење дејност“ и „парична казна до 5.000 евра“.

{loadposition content9}