Skip to main content

Археологија

Алтернативни поставки на Римска гробница

Промовирана виртуелната реконструкција на римската гробница од Видобишта во Охрид. Во дворот на Културниот центар Лапидариум во Куќата на Робевци беше поставена макетата и објаснет процесот на работа кој траел три месеци со цел да се овозможи полесен пристап до ваквиот тип Археолошки локалитети.
 |  инфодеск  |  ,
Макета

Виртуелната реконструкција и изработената макета на римската гробница од Видобишта се поставени и промовирани во дворот на Културниот центар Лапидариум во Музејската зграда на Куќата на Робевци во Охрид.Проектот e изработен од Здружението за заштита и одржлив развој на животната средина Регионален Зелен Центар Охрид во соработка со НУ Завод за заштита на спомениците и културата и Музеј Охрид. Три месеци континуирано теренското документирање и кабинетска обработка на материјалот беа потребни за добивање на финалниот производ со кој се олеснува пристапот до затворените археолошки локалитети вели Раководителот на проектот, археолог Иван Малезанов.

Бидејќи тие археолошки локалитети се затворени за пошироката јавност и нема пристап до нив и еден од начините за промоција на истите е преку овој метод, со дигитализација на истите.“, кажа Малезанов.

Римската гробница од Видобишта е втор ваков проект. Предходно во 2021 година беше изработена макета и визуелна реконструкција на „Aнтичката гробница од Македонски тип“ откриена на локалитеот Караѓулевци. Но овој пат работата на римската гробница била потешка поради побогатитот археолошки материјал, потенцира Малезанов.

Бидејќи првата беше малку поедноставна, немаше археолошки наоди и во антиката беше ограбена таа гробница од македонски тип, оваа Римска гробница е истражувана на крајот на седумдесеттите години од минатиот век, и таму се пронајдени десет гробови во комората и еден гроб во преткомората и гробните конструкции постојат се уште во гробницата и беше предизвик за да се изработи и да се изврши теренското документирање, кое потоа резултираше со кабинетска документација, односно изработка на финалните продукти.“, потенцира Малезанов.

Во оваа успешно завршената поставка беа вклучени десетина лица , финансирана со годишната Програмата за поддршка на локалниот економски развој и туризмот на Општина Охрид за 2022 година. Со проектот за Римската гробница од Видобишта се завршуваат затворените целини и објекти непристапни за пошироката јавност. Од Регионален Зелен Центар најавуваат во иднина и поинакви методи и користење на дигиталните алатки за промоција на културното наследсво.