Косовскиот амбасадор во посета на општина Струга
Амбасадорот од Косово меѓу првите кои му ја честитаа градоначалничката функција на Зијадин Села.
Добрососедските односи и соработката во регионот тема на средбата помеѓу Косовскиот Амбасадор Илбер Хиса и градоначалникот на Струга, Зијадин села. Амбасадорот Хиса е меѓу првите дипломати кој лично му ја честитаа победата на градоначалникот и новата функција.
„Струга е привлечно место кое косоварите ќе го користат за летување, а изградениот нов пат Косово – Албанија, неможе и нема да биде пречка за Косоварите како дестинација да ја изберат Струга“, рече амбасадорот Хиса.
На новинарско прашање, дали и кога би се вовел режим на гранично минување со лична карта, амбасадорот е категоричен дека постапката е во тек и дека набрзо и тоа ќе се стандардисира.
Градоначалникот Села искажа огромно задоволство што во посета на општина Струга дојде Косовскиот Амбасадор. Тој потенцираше дека со амбасадорот имаат заеднички ставови дека влијанието на Косово е голмо за стабилноста на регионот.
Црна дамка на денешната средба остави тоа што за Амбасадорот домаќинот немаше обезбедено фонетски превод, а зачуди и фактотот што ни градоначалникот Села не се обрати на македонски, ниту даде изјава по средбата.
{loadposition content9}