Амбасадорот на Кралството Шпанија во посета на Националниот парк Галичица и островот Голем Град

Амбасадорот на Кралството Шпанија во земјава, Рафаел Сориано, го посети Националниот парк Галичица, при што беше организирана обиколка на островот Голем Град во Преспанското Езеро.
За време на посетата, претставници на Јавната установа Национален парк Галичица ги презентираа природните, културните и историските вредности на островот, како и активностите што се спроведуваат за нивна заштита и зачувување.


На средбата било разговарано и за досегашната соработка меѓу Националниот парк и Амбасадата на Кралството Шпанија. Притоа беше потсетено дека пред три години Амбасадата донираше опрема за потребите на Националниот парк, а двете страни изразија подготвеност соработката да продолжи и во иднина преку нови активности во областа на заштитата на природата и промоцијата на природното и културното наследство.








