Амбасадорката Агелер на средба со надлежните институции за заштита на природното и културното наследство во Охрид
Заштитата на природното и културното наследство во Охридскиот регион бележи напредок. Ова е закчучокот на амбасадорката на САД, која денес оствари средби со градоначалникот, и претставници на Хидробиолошкиот институт и НП Галичица.
Целта на посетата е да се помогне за надминување на предизвиците во зачувувањето на светското наследство заштитено од Унеско.
„Она што е навистина многу важно е колку сите ние сме подготвени да научиме како да го заштитиме Охридското езеро. Остварив средба со градоначалникот и разговарав за дел од програмите кои ги има општината и секако како Американската амбасада може да помогне. Имаме и двајца експерти за вода од САД кои се дел од нашиот проект за заштита бидејќи Охрид е од витално значење за светот” , изјави Анџела Агелер, амбасадорка на САД.
Според експертите потребно е да се изнајде решение за намалување на рибокрадството, но и поголема соработка помеѓу сите надлежни институции за исполнување на препораките на УНЕСКО.
„ Гледам загриженост за охридската пастрмка која ја има само овде, таа има посебна вредност за природата но и за луѓето во исхраната, но затоа мора да се изнајде баланс. Предизвикот е да се поддржат експертите од Хидробилошкиот институт за поголема заштита преку науката” , Дејвид Херен биолог за риби.
„ Потребна е засилена комуникација и соработка помегу сите иснтитуции, заеднички стратегии, луѓето да работат од исти бази на информзции, да дискутираат меѓусебно. Гледаме дека само со повисоко ниво на комуникација и соработка може да се достигне целта”– изјави Стјуард Ален експерт за културно наследство.
За прв пат во Европа, американската амбасада воведе Програма за води, при што двајца експерти од САД за заштита се во посета на Охрид за да помогнат на локалните и државните власти за унапредување на заштитата.
Новинар Соња Рилковска