Skip to main content

Соработка

Амбасадорката на Израел на средба со Пецаков

Амбасадорката на Израел Н.Е. Симона Франкел за првпат во посета на Охрид. Таа оствари средба со градоначалникот Кирил Пецаков.
 |  инфодеск  | 
Амбасадорка Израел

Н.Е. Симона Франкел, денес во рамки на посетата на Охрид, оствари средба со градоначалникот Кирил Пецаков. На средбата се разговараше за одличната соработка во повеќе области која Охрид ја негува со Израел и заеднички беше констатирано дека таа ќе продолжи и во иднина.

Соговорниците зборуваа и за прогресот што Општина Охрид го прави во спроведување на препораките од УНЕСКО за зачувување на статусот на светско природно и културно наследство.

Амбасадорката го поздрави напорот што Општина Охрид го вложува во насока на зачувување на статусот.

Амбасадорка Израел

Градоначалникот и Амбасадорката разговараа и за изработката на проектите кои се однесуваат за подобрување на водоснабдувањето на градот и за пречистителни станици за третирање на отпадните води. Амбасадорката изрази подготвеност за помагање при подготовката и реализација на овие проекти.

Инаку ова е прва посета на Охрид од страна на Амбасадорката на Израел Н.Е. Симона Франкел.