Skip to main content

Амбасадорката на Швајцарија и претставници на УНДП имаа работна посета на Општина Охрид

Искажаа задоволство од реализираните проекти кои ги поддржале. При тоа ја издвоија вклученоста на граѓаните да учествуваат во одлучување за приоритетни потреби на заедницата.

 |  Валентина Неловска  | 

 

Сибил Сутер, Швајцарската амбасадорка и Нарине Сахакјан од УНДП остварија работна средба со градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески и претседателката на Совет, Живка Ангелоска. Беше искажано задоволство од реализираните проекти поддржани УНДП и Швајцарската агенција за развој и соработка. Во рамки на проектот за зајакнување на општинските совети во Охрид беше реновирана големата сала во општинската зграда, беа изградени пристапни скали и е поставена пристапна лифт платформа за лицата со посебни потреб . Градоначалникот се заблагодари за поддршката на двете институции и изрази надеж за плодна соработка и во иднина.

„Ние со Швајцарска амбасада имплементиравме и други проекти дел од патеките Саат кула и Горна порта , а се во фаза на имплементација на проектот за реновирање на делот за физикална терапија во болницата Св. Еразмо. Се заблагодарувам и изразувам желба за понатамошни добри успешни проекти“.

Швајцарската амбасадорка, Сибил Сутер, задоволна од резултатите на проектите , но го издвои како најголем впечаток тоа што Локалната власт се потрудила да им даде можност на граѓаните од градот да учествуваат во одлучувањето на инвестициите.

Не само што ќе се направи некаква инвестиција туку граѓаните да почустуваат дека таа им припаѓа ним и дека тие одлучиле за неа тоа е една од најголемите придобивки на целиот овој проект“.

Нарине Сахакјан постојаниот преставник на УНДП во земјава , исто така, кажа дека е убаво да се видат резултатите од ваквите инвестиции, но она што е впечатливо е  една нова култура каде што се вклучуваат граѓаните во процесот на одлучување во општината. Во врема на ковид 19 ќе има нови предизвици.

„Јас иднината ја гледам во тоа што ќе треба да се зголеми степенот на дигитализација за да им се овозможи на граѓаните да учествуваат во работењето на општинскиот совет да  даваат мислења и предлози како да се подобри состојбата “.

Живка Ангелоска, претседателката на Советот, како најдобра придобивка од проектите ги издвои форумските сесии како начин на кој што беа избрани приоритетите во заедницата. При тоа учествуваа претставници на општинската администрација, здруженија на граѓани, бизнис секторот и НВО, напомена Ангелоска.

„Форумот е една од најпрецизните и најефикасни алатки за партиципативната демократија, метод кој ги вклучува граѓаниет во процесот на донесување на одлуките. Преку форумските сесии граѓаните можат да ги утврдат приоритетите за социо-економскиот развој на општината и да придонесат во демократизација на процесот на носење одлуки, меѓутоа и да дадат свој придонес во поттикнување на свеста за општото добро“.

Преку поддршка на Швајцарската амбасада се овозможи следење на седниците на охридскиот Совет во живо на интернет, преку е лајв стриминг.