Амбасадорот Џес Бејли во работна посета на Општинскиот комитет на Вмро Дпмне и Општинската изборна комисија во Охрид
Амбасадорот Џес Бејли во работна посета на Општинскиот комитет на Вмро Дпмне и Општинската изборна комисија во Охрид.
Амбасадорот Бејли во Охрид се сретна со првите луѓе на ОК на Вмро Дпмне и со Општинската изборна комисија. Посетата на ОК на Вмро Дпмне беше на иницијатива на американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли , а при тоа оствари средба со претседателот на ОК Љубен Арнаудов и пратеникот Сашо Василески. По едночасовната средба амбасадорот Бејли не даде изјава за медиумите, а со изјава се огласи поранешниот пратеник Сашо Васиелвски , кој при тоа истакна дека средбата резултира со единствена цел фер и кредибилни предвремени парламентарни избори.
„На Македонија на 11 декември и требаат фер избори. Јас како пратеник во Собарнието на РМ и новиот претседател на ОК , Љубен Арнаудов, тоа му го ветивме. За тоа се доказ изборите во 2014, беа фер и кредибилни затоа што истите списоци што беа дадени за време на парламентарната криза беа истите во 2014 и ќе се истите во 2016. Разговаравме за многу можности за соработка на нашата партија и држава со САД и се надеваме дека перидот кој следи ќе докажеме дека партијата ВМРО ДПМНЕ ќе победи на овие избори со мнозинство гласови и со мнозинство во парламентот , а нашата одговорност како политичари на државно ниво и на локалните институции е да обезбедиме демократско право на секој граѓанин да си го даде гласот за тој што ќе смета дека за оваа држава ќе направи повеќе“, изјави за медиумите Сашо Василевски.