Skip to main content

општина охрид

Амбасадорот на Казахстан во посета на Општина Охрид

Буршаков доаѓа во прва официјална посета на Охрид.
 |  инфодеск  | 

Градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари протоколарна средба со амбасадорот на Казахстан во Земјава, Н. Е. Сатибалди Буршаков.

Буршаков доаѓа во прва официјална посета на Охрид. Високиот гостин  не го сокри воодушевувањето од охридските  природни и историски убавини како и богатата културна програма во лето.

На средбата  беше најавено отворање на Почесен конзулат на оваа централноазиска држава  во Охрид. Двете страни го поздравија и  потпишувањето  на билатералниот  договор за соработка во областа на туризмот меѓу двете земји,  Македонија и Казахстан чија постапка е во тек.

Казахстан е деветта по големина земја во Светот којашто изобилува со богата историја, степски предели и брз модерен развој.