Skip to main content

Продлабочување на соработката

Амбасадорот на Словенија во посета на Општина Охрид

Амбасадорот на Словенија во Македонија, Н.Е. Милан Предан беше во посета на Општина Охрид и оствари средба со градоначалникот Пецаков.
 |  инфодеск  | 
Амбасадорот на Словенија во посета на Општина Охрид

Градоначалникот Кирил Пецаков, денес оствари средба со амбасадорот на Словенија во Македонија, Н.Е. Милан Предан. На средбата се разговараше за политичко-економската ситуација во Македонија, а посебно за актуелната состојба на Општина Охрид и работењето на локалната самоуправа.

Словенечкиот дипломат беше информиран за тековните активности и проекти кои ги спроведува Општина Охрид и за очекувањата од престојната туристичка сезона.

Амбасадорот на Словенија во посета на Општина Охрид

Амбасадорот Предан изрази подготвеност, Словенија преку Центарот за меѓународна развојна соработка да донира средства во висина од 140 илјади евра на ЈП „Водовод“ за филтри за пречистителни станици.

Соговорниците се согласија дека Општина Охрид има одлична соработка со Амбасадата на Словенија и дека постои простор таа да се зајакнува и продлабочува.