Skip to main content

Американци во Струга ќе градат фабрика за кабли

Владата најавува голема инвестиција во Струга.

 |  Маленкова Татјана  | 
kabli
кабли

Активностите на владата за привлекување на инвеститори во земјава, полека почнуваат да даваат резултати. Министерот за економија Ваљон Сарачини признава дека владата напорно работи за да ја подбри бизнис климата во земјава со цел да ја зголеми целокупната инвестициона клима во Македонија. Сарачини открива дека во завршна фаза се преговорите со Американска компанија за изградба на фабрика за кабли во Струга.

„Тоа што последно го разговаравме со директорот на агенцијата за странски инвестиции е дека има веќе сериозна компанија Американска која е заинтересирана да инвестира во Струга  и тоа во делот на призводство на кабли која би отворила од 700 до 1000 работни места. Преговорите се во завршна фаза и мислам дека во наредните месеци ќе имаме конечна одлука од нивна страна и ќе почнат активностите во тој дел“, истакна министрот за економија Ваљон Сарачини.

Веста дека Струга ќе добие фабрика за кабли ни ја потврди и градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко. Тој valjon Saracini во телефонскиот разговор кажа дека фабриката ќе се гради во слободната економска зона, помеѓу Струга и Охрид, за која документацијата е при крај. Според градоначалникот оваа фабрика ќе допринесе да се вработат 1700 жители на овој дел.    

Но не само оваа инвестиција, Струга со сигурност ќе биде и дел од новиот проект на Владата насловен како „Македонија и Дијаспората 20 -15“. Со оглед на тоа дека Струга важи за град кој има многу иселеници и тоа во Западноевропските земји, владата со новиот проект има за цел до 2015 год. да ги привлече нашите иселеници да инвестираат во својата матична земја.

„Тоа е она што го имаат стекнато надвор од земјата полека да го вложуваат во својата домашна земја.  Започнуваме и со караванот посета на македонската дојаспора  и дирекно ќе им ги презентираме сите услови кои ги нудиме, па може да направиме и посебни олеснителни околности за нашата дијаспора“, вели Сарачини.

Министерот за ТВ М открива дека владата е задоволна од инвестициите кои се реализираа во земјава. Мината година во Македонија влегле околу 300 милиони евра како инвестиции, сума која според министерот не е ни голема ни мала, со оглед на кризата што ја тресе Европа. Владата покрај изградба на фабрики за овој регион каде носечка гранка е туризмот планира да воведе нов концепт за развој, т.н. „концепт на рзвојни туристички слободни зони“. Со овој проект владата на сите инвеститори ќе им понуди ТАКС ХОЛИДЕЈ, со што доколку инвестираат во Охрид и Струга ги ослободува од сите даноци за инвестирањето. 

{loadposition content9}