Skip to main content

АМСМ

АМСМ: Сообраќајот на патот Охрид-Св Наум со наизменично пропуштање на возилата

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите.
 |  инфодеск  | 
АМСМ

По синоќешното невреме кое предизвика одрони на патот Охрид-Св. Наум, од 22:00 часот на овој регионален пат кај с.Љубаништа, сообраќајот се одвива со наизменично пропуштање на возилата, јавуваат од АМСМ.

Утрово сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за возила со дозволена носивост до 3.5 тони.