Skip to main content

Анализа на летната сезона 2014

Намален бројот на гости во изминатата летна туристичка сезона 2014, а зголемен е прометот во угостителските објекти. Турските гости според статистичките податоци кои денес ги обелодена ТЛЕР најбројни, веднаш после нив Холанѓаните.

 |  Николоска Биљана  | 
hotelieri
хотелиери

hotelieriТуристичката сезона 2014 во поглед на гостите и остварените ноќевања, слична со минатогодишната. Ваков е ставот на ТЛЕР базиран врз статистичките податоци заклучно со месец август, изјави раководителот Ѓоко Апостоловски. Втора година по ред Секторот за туризам одржува состанок со хотелиерите и угостителите од градов односно се врши анализа на летната туристичка сезона и презентација на резултатите добиени од анкетните истражувања кои се реализирани од страна на ТЛЕР во соработка со ФТУ Охрид. Апостоловски нагласува дека според видувањата на угостителскиот сектор иако бројот на гости бил намален, прометот во угостителските објекти е зголемен дури за 15%.

„Заклучно со месец август вкупниот број на туристи бележи пад за само 1,5% во однос на минатата година и повторно тука ќе ставиме две најголеми причини, најмногу се должи на падот на домашни гости и лошите временски услови во месец јуни и јули, а од друга страна и новите светски трендови во поместување на летната туристичка сезона“ – вели Апостолов.

Апостоловски ги изнесе и податоците според бројот на гости по држави и реализирани ноќевања. Најбројни се гостите од Турција и Холандија но и балканските држави се главниот генератор на гости кои што доаѓаат во Охрид, вели Апостоловски.

„Најбројни со месец јули според податоците на hotelieriДржавниот завод за статистика се гостите од Турција со реализирани 9717 посети односно лица или биле реализирани 14 405 ноќевање што би дошло едно и пол ноќевање во просек, додека холанѓаните се на второ место со 7,5 илјади посети или вкупно реализирани 43,5 илјади ноќевања, понатаму на трето место доаѓаат гостите од Бугарија, Полска, Србија, Грција, Словенија, Хрватска, Албанија, Германија, Австралија“ – потенцира Апостолов.

Во анкетните прашалници кои што ги реализирале во соработка со ФТУ за оваа туристичка сезона, Апостоловски кажа дека опфатиле 104 домашни и  68 странски гости. Во нив имало позитивни и негативни карактеристики во однос на сезоната, што пак во иднина, како што нагласи Апостоловски истите ќе ги земат во предвид, со цел подобрување на позитивните и елеимнирање на негативните забелешки кои што се наведени во анкетните листови. Податоци од анкетите денес беа презентирани и пред хотелиерите, кои пак покажаа слаб интерес за средбата со претставниците на ТЛЕР. На средбата од страна на ТЛЕР беа презентирани и планови за организација на манифестациите кои што следат во наредниот период, Нова Година, Водици и другите празници кои што се магнет за туристи.

{loadposition content9}