Skip to main content

Аналогната телевизија наскоро заминува во историјата

„Веселин“ ДООЕЛ е операторот кој треба за една година да го дигитализира телевизискиот радио-фреквенциски спектар во земјава, информираат од Агенцијата за електронски комуникации.

 |  Голабовски Крсте  | 
analogna televizija
аналогна телевизија

Старата добра аналогна телевизија и кај нас за една година заминува во историјата, а со неа и антените од покривите. На нејзино место кристално чиста слика, беспрекорен звук, нови интерактивни услуги и услуги на барање преку ТВ-приемникот.Ова се само дел од придобивките што се отвораат со дигитализирањето на телевизискиот радио-фреквенциски спектар. Роберт Ордановски , Директорот на Агенцијата за електронски комуникации, кажа дека датумот за гасење на аналогните предаватели, 01.06.2013 останува фиксен, а избран е и операторот кој согласно Законот за електронски комуникации ќе ја добие лиценцата да овозможи 80% на покривање на популацијата на Македонија со DVBT сигнал.

Robert Ordanoski„На јавниот повик се појави само една апликација, ние ја проверивме понудата, таа е коректна нема никакви забелешки во однос на понудата. Операторот што се појави се вика „Веселин“ ДООЕЛ, тоа е тоа“, информира Ордановски.

Можеби најголемата придобивка од т.н дигитализација е тоа што дигиталниот сигнал може да се компресира, па така ќе се зголеми просторот за емитување повеќе програмски сервиси во етерот. На тој начин од сегашните пет телевизиски сервиси, во Македонија ќе се добие простор за емитување на десетици телевизиски сервиси. Сопствениците пак на постари ТВ приемници не значи дека веднаш ќе треба да купуваат нови. Со помош на таканаречените сет-топ-боксови (Set-Top-Box), коишто се всушност приемници на дигиталниот сигнал, а коишто се приклучуваат на ТВ приемниците, ќе може да се изврши конверзија од дигитален во аналоген сигнал. Но сепак за оние со постар модел на ТВ приемници, потребните сет-топ-боксови ќе бидат дополнителен трошок, потенцира Директорот на АЕК, Роберт Ордановски.

конференција„Македонската радио телевизија како оператор има во својот проект доделување на тие set-тоp-box приемници за социјалните категории, мислам дека околу 40.000 е предвидено да се доделат на социјалните случаи во РМ бесплатно и тие сите ќе може да ги гледаат и програмите од новиот оператор за кој  сега е во тек неговото лиценцирање. Останатите ќе работат комерцијално, пазарот е отворен, секој кој има желба ќе треба сам да си набави“ објаснува директорот Ордановски.

Инаку во тек е Втората меѓународна регулаторна конференција на која ќе бидат презентирани најновите достигнувања на АЕК и идните стратегиски цели. Утрешниот ден ќе биде посветен на Светскиот ден на телекомуникации и информатичко општество и Денот на Националните регулаторни тела, а завршниот ден  на  актуелните прашања од областа на електронските комуникации.

{loadposition content9}