Skip to main content

Министерство за транспорт и врски

Ангажиран експерт за Фидик договори од чија анализа ќе се носи одлука за автопатот Кичево – Охрид

Дополнително, поради нови свлечишта на трасата ќе се ангажираат меѓународни експерти, кои ќе дадат предлог-проектантски решенија и мислење за целокупниот проект“, велат од Министерството за транспорт и врски.
 |  Маја Савиќ  | 
Автопат Кичево Охрид

Во тек е ревизија од Државниот завод за ревизија во Јавното претпријатие за државни патишта во однос на финансиските извештаи и услогласеноста, како и ревизија за успешност на капиталните инвестиции за изградба на автопатската делница Кичево – Охрид.

Јавното претпријатие за државни патишта, преку Надзорниот орган ангажира експерт за Фидик договори преку кој треба да се обезбеди анализа на договорот, како и решенија за сите идни чекори на Владата за реализација на проектот за изградба на автопатската делница Кичево-Охрид, објави Министерството за транспорт и врски.

“Ова е потребно од причина што рокот за реализација на овој инфраструктурен проект завршува на 31 декември оваа година, а до тогаш Министерството за транспорт и врски и ЈП за државни патишта преку Владата на Република Северна Македонија ќе донесат одлука со најсоодветното решение за дореализација на овој проект. Дополнително, информираме дека појавени се единаесет нови свлечишта на трасата и поради тоа, ќе се ангажираат меѓународни експерти, кои ќе дадат предлог-проектантски решенија и мислење за целокупниот проект“, велат од Министерството.

Додаваат дека реализацијата на овој проект е од стратешко значење за Република Северна Македонија. Тој е дел од Коридор 8 како главен европски коридор. Приоритет на Владата е завршување на овој проект и во таа насока ќе се преземат сите активности за негова реализација, велат од Министерството.