Skip to main content

Англискиот јазик во градов се изучува по светски стандарди

 Наставниците по англиски преку работилници се усовршуваат како да ги следат новите трендови во наставата. Денес за таа цел се одржа две семинар организиран од Британскиот совет и Бирото за развој на образованието.

 |  Јаковлева Лионела  | 
seminar
семинар

Наставниците по англиски од градов и регионот се усовршуваат како да ги следат новите трендови во наставата. Денес за таа цел се одржаа две работилници организирани од Британскиот совет и Бирото за развој на образованието. Едната со наслов „Воспоставување добар однос со учениците“, а другата „Прилагодена настава, креирање на своја веб страница„. На ваков начин се придонесува кон подобрување на наставниот процес и изучувањето на англискиот јазик во Македонија, вели Зора Бушоска, советник  за настава по англиски јазик во Бирото за развој на образованието.наставници


Искуството покажа дека она што се работи на овие семинари во најголем дел се имплементира во образовниот процес . Еве денес конкретно се испостави дека софтверот на компјутерите во училиштата неможе да ги задоволи современите потреби и дека треба да се воведе пософистициран софтвер со кој ќе може да се креираат веб сајтови кои им се потребни на наставниците за реализирање на наставата, вели Бушоска.nastavnici


Бушоска објаснува дека значењето на англискиот јазик се повеќе расте со развојот на технологијата и дека нема човек на кој не му е потребен во неговиот секојдневен или професионален живот. Таа е задоволна  што младите се повеќе вложуваат во учење и усовршување на овој јазик.

Сите наставници по англиски јазик се како една авангарда бидејќи сите обуки ги применуваат во пракса, а со тоа добиваат учениците уште поголеми знаења на начин кој се совпаѓа со модерните светски текови во образованието. Часовите по англиски се интерактивни и тоа овозможува ученикот постојано да е вклучен во еден наставен час, вели Бушоска.


На денешните работилници учествуваа наставници по англиски јазик од основните и средните училишта од Охрид, Струга, Кичево и Битола. Ваквите семинари ќе се одржуваат и понатаму од обучувачи кои се истренирани од обучувачите на Британскиот совет.

{loadposition content9}